Posts

Showing posts from April, 2020

Вежби - Молекуларна физика

НАСТАВНО ЛИВЧЕ      - Молекуларна физика 1.Клапејроновата равенка ја дефинира состојбата на гасот. Таа се состои од трите основни параметри: а) P, m, V                б) T, V, P             в) F , V , T,            г) m, T, M,           д) Т,   U,   I 2.При изотермен процес, неменлив (постојан) параметар во Клапејроновата равенка е : а) волуменот                б) масата             в) температурата            г) притисокот            д) енергијата 3.Молекулите на гасот или течноста   се движат непрекинато и хаотично. Ваквото движење се вика ____________________________________. 4.Еден келвин е _________________________________________________________________ _________________________________________________________________________________ 5. Претвори температура од 27ºС во степени К! 6. Основни карактеристики на идеален гас се: ________________________________________ _______________________________________________________________________________________

Изопроцеси

Image
4.4 .   Изопроцеси кај гасовите      1. Состојбата на гасот се опишува со трите главни параметри: р - притисок ( 1Pa)    ,                V - волумен (1 m 3 ) ,                T - температура   (1К) овие параметри влегуваат во Клапејроновата равенка - основната равенка за опишување состојба на идеален гас!                2. Гасен процес се вика промената на состојбата на гасот. 3. При гасен процес кога се менува состојбата на гасот , но при еден константен параметар , тогаш тој процес се вика ИЗОПРОЦЕС. (изо -ист процес -промена) Значи, изопроцес е промената на состојбата на гасот при еден ист=константен параметар! 4. Изотермен процес    се случува при константна температура! Изотермниот процес се вика Бојл-Мариотов закон кој гласи : При константна температура  производот од притисокот и волуменот на гасот е константен. 5. Изобарен процес се случува при константен притисок! Изобарниот процес се вика Геј-Лисаков закон кој глас

Молекуларно движење и меѓумолекуларни сили

Image
4.1. Молекуларно движење и меѓумолекуларни сили  1.  Молекул - најситна честица која ги има истите својства како супстанцијата Атом  - дел од молекулата, ги има својствата на елементот. 2. Атомот е составен од атомско јадро-нуклеус    (во него има протони и неутрони) и електронски орбитали ( во нив се електроните) протон  - позитивно наелектризирана јадрена честица; неутрон  - неутрална јадрена честица; електрон  - негативно наелектризирана честица сместена во електронските орбитали. 3.  Унифицирана единица за маса ,    1 U  е еднаква на 1/12 од масата на атомот на јаглерод 12.    1 U= 1.66∙10 -27  kg 4.  Еден мол  (  1mol  ) од било која супстанција содржи точно 6,023∙10 23  mol -1    микрочестици. Тој број се вика Авогадров број  ( N A ). 5.  Апсолутна нула    0К     или     -273,16°С    се вика температурата при која престанува секое топлинско движење на молекулите. 6. Еден келвин е   1К е    дел од термодинамичката температура на тројната точка на в