Posts

Showing posts from March, 2020

Движење на флуидите

Image
Движење (проток) на флуидите -Движењето на флуидите се разликува од движењенето на тврдите тела. -При движењето на тврдите тела не настанува промена на формата и волуменот на телото. -Честиците на флуидите, покрај транслаторното движење можат да вршат и ротационо движење.Тоа значи дека во текот на движењето флуидите можат да го менуваат својот облик и волумен. -При движењето на флуидите триење постои на допирната површина на флуидот со тврдото тело и во внатрешноста на флуидот . Тоа е внатрешно триење или вискозност. -Флуидите  што постојат реално исто така се и компресибилни. Кај течностите, компресибилноста е многу слабо изразена. Кај гасовите пак, ако не се движат со голема брзина, промената на волуменот на гасот што настанува во текот на движењето може да се занемари. - Идеалните флуиди се флуиди при кои се занемарени силите на внатрешното триење и флудите се сметаат за апсолутно некомпресибилни. Во текот на движењето на флуидот можат да се спроведат

Вискозност на флуиди

Image
Вискозност на флуиди Движење на флуидите   -Движењето на флуидите се разликува од движењето на тврдите тела. -При движењето на тврдите тела не настанува промена на формата и волуменот на телото.  -Честиците на флуидите, покрај транслаторното движење можат да вршат и ротационо движење.Тоа значи дека во текот на движењето флуидите можат да го менуваат својот облик и волумен. 1.Вискозност При движењето на флуидите, секогаш се пристутни сили на триење меѓу соседните слоеви на флуидите.Тие сили се викаат сили на внатрешно триење . Њутн утврдил дека силата на внатрешното триење, што дејствува меѓу два слоја, е правопропорционална со плоштината на нивниот допир со разликата од брзините  v 1 -v 2 = Δ v , а обратно пропорционална на растојанието Δ x на тие слоеви, односно: F=ηSΔv/Δx Физичката величина η се вика     динамична вискозност     или само вискозност. η= F Δ x/S Δ v Единица за вискозност во SI   е паскалсекунда ( PaS ).

ФЛУИДИ

Наставен лист по физика – Флуиди I год.                                                                                                              _______________________                                                                                                                         Име и презиме                                                                                                                                                                   1.       Дефинирај 1Р а ! Напиши ја соодветната релација. 2.  Телото ќе потоне во дадена течност ако е исполнет следниот услов:       а)     Fa>G          б)   Fa=G               в) Fa<G                                                                            3. Дефинирај 1Р а ! Напиши ја соодветната релација. 4. Што значи турбулентно движење на флуид? 5.  Грницата помеѓу течноста и воздухот се вика ____________________________________. Таа секогаш е _______________________,     бид