Изопроцеси


4.4.  Изопроцеси кај гасовите    

1. Состојбата на гасот се опишува со трите главни параметри:
р - притисок (1Pa)   ,               V - волумен (1m3) ,               T - температура  (1К)
овие параметри влегуваат во Клапејроновата равенка - основната равенка за опишување состојба на идеален гас!              

2. Гасен процес се вика промената на состојбата на гасот.

3. При гасен процес кога се менува состојбата на гасот , но при еден константен параметар , тогаш тој процес се вика ИЗОПРОЦЕС. (изо -ист процес -промена)
Значи, изопроцес е промената на состојбата на гасот при еден ист=константен параметар!

4. Изотермен процес   се случува при константна температура!


Изотермниот процес се вика Бојл-Мариотов закон кој гласи: При константна температура  производот од притисокот и волуменот на гасот е константен.

5. Изобарен процес се случува при константен притисок!

Изобарниот процес се вика Геј-Лисаков закон кој гласи: При константен притисок количникот од волуменот и температурата е константен.

6. Изохорен процес се случува при константен волумен!

Изохорниот процес се вика Шарлов закон кој гласи: При  константен волумен количникот од притисокот и температурата на гасот е константен.






https://phet.colorado.edu/mk/simulation/legacy/balloons-and-buoyancy

за дома: Учениците  да ја прочитат лекцијата (стр141-145) , да го напишат планот  во школските тетратки и  да ги препишат решените Пример 1  и Пример 2 на стр. 146 од учебникот  . Да се слика домашното и закачи   https://padlet.com/peperutkam/3okoa4tsg18g







Comments

Popular posts from this blog

Вискозност на флуиди

Движење на флуидите