Движење на флуидите

Движење (проток) на флуидите

-Движењето на флуидите се разликува од движењенето на тврдите тела.
-При движењето на тврдите тела не настанува промена на формата и волуменот на телото.
-Честиците на флуидите, покрај транслаторното движење можат да вршат и ротационо движење.Тоа значи дека во текот на движењето флуидите можат да го менуваат својот облик и волумен.

-При движењето на флуидите триење постои на допирната површина на флуидот со тврдото тело и во внатрешноста на флуидот. Тоа е внатрешно триење или вискозност.
-Флуидите  што постојат реално исто така се и компресибилни. Кај течностите, компресибилноста е многу слабо изразена. Кај гасовите пак, ако не се движат со голема брзина, промената на волуменот на гасот што настанува во текот на движењето може да се занемари.
-
Идеалните флуиди се флуиди при кои се занемарени силите на внатрешното триење и флудите се сметаат за апсолутно некомпресибилни.


Во текот на движењето на флуидот можат да се спроведат линии по кои се движат честичките од флуидот.
Тие линии се викаат струјни линии.
Тангентата повлечена во која и да било точка од струјната линија го дава правецот и насоката на брзинатаа на честиците во таа точка.




Ако честицитеа од флуидот во секоја точка на течниот тек добиваат брзина каква што ја имале претходните честици што поминале низ тоа место, движењето на флуидот е стационарно.
Ако тоа не важи, тогаш движењето е нестационарно. Со текот на времето при стационарното движење,распоредот на струјните линии,односно на брзините во флуидот не се менува.

https://phet.colorado.edu/mk/simulation/legacy/fluid-pressure-and-flow

Comments

Popular posts from this blog

Изопроцеси

Вискозност на флуиди