Вискозност на флуиди

Вискозност на флуиди



Движење на флуидите

 -Движењето на флуидите се разликува од движењето на тврдите тела. -При движењето на тврдите тела не настанува промена на формата и волуменот на телото.  -Честиците на флуидите, покрај транслаторното движење можат да вршат и ротационо движење.Тоа значи дека во текот на движењето флуидите можат да го менуваат својот облик и волумен.
1.Вискозност
При движењето на флуидите, секогаш се пристутни сили на триење меѓу соседните слоеви на флуидите.Тие сили се викаат сили на внатрешно триење.



Њутн утврдил дека силата на внатрешното триење, што дејствува меѓу два слоја, е правопропорционална со плоштината на нивниот допир со разликата од брзините 
v1-v2=Δv, а обратно пропорционална на растојанието Δx на тие слоеви, односно:


F=ηSΔv/Δx


Физичката величина η се вика  динамична вискозност  или само вискозност.



η=FΔx/SΔv
Единица за вискозност во SI е паскалсекунда (PaS).

Вискозноста зависи од температурата на течноста.
Кај течностите високозноста се намалува со растењето на температурата а пак кај гасовите, вискозноста расте со растењето на температурата.

Во сите реални флуиди при нивното движење се појавуваат сили на внатрешно триење или вискозни сили.

Приборите кои служат за мерење на вискозноста кај течностите се викаат вискозиметри.


-При движењето на флуидите триење постои на допирната површина на флуидот со тврдото тело и во внатрешноста на флуидот.Тоа е внатрешно триење или вискозност.
-Флуидите  што постојат реално исто така се и компресибилни. Кај течностите, компресибилноста е многу слабо изразена. Кај гасовите пак, ако не се движат со голема брзина, промената на волуменот на гасот што настанува во текот на движењето може да се занемари.
-
Идеалните флуиди се флуиди при кои се занемарени силите на внатрешното триење и флудите се сметаат за апсолутно некомпресибилни.





Comments

Popular posts from this blog

Изопроцеси

Движење на флуидите